Многу често СДС сака на некој на  својата неспособност да ја прикрие со ширење на лаги дека ВМРО-ДПМНЕ нема направено ништо за енергетиката и затоа сакам да потсетам барем на поголемите проекти кои ги направивме.  Ќе почнам со еден првите проекти, а тоа дислокацијата на реката Темница во РЕК Осломеј што на тој начин се обезбедуваат дополнителни 8 милиони тони јаглен и се продолжи животниот век за скоро 10 години, изјави Гордана Димитриеска Кочоска на денешната трибина во Кавадарци насловена „Политики за развој енергетскиот сектор“.

Таа истакна дека за време на ВМРО-ДПМНЕ во 2010 година целосно е завршена реконструкција  и модернизација на двата турбо агрегати во Подружница Енергетика со што имаме и поголема инсталирана моќност, но во исто време се продолжува животниот век.

– Во истата 2010 година воспоставен е диспечерскиот центар во централата на тогашно АД ЕЛЕМ, со што дојде до прецизно, координирање, планирање и регулација на производството на електрична енергија и на некој начин правилно и оптимално производство со најниски трошоци.  Она што е многу важно да се каже е дека во 2012 година комплетно се  заврши и е стави во употреба рудникот Брод Гнеотино и се направи транспортна трака за јагленот од рудникот до Суводол, рече таа.

Додаде дека потоа е направена е модернизација или реализација на дел од трите блока во РЕК Битола, со што покрај тоа што се продолжи животниот век за дополнителни 120.000 работни часа, се зголеми и моќноста.

– Завршена е хидроцентрала Света Петка, огромен проект за производство на електрична енергија, нешто што денес не знаат ни да го испроектираат, а не пак да го направат. Во Енергетика подружница комплетно беше завршена топловодната вода со што еден дел на Скопје доби топлинска енергија.  Во 2014 беше завршен ветерниот парк Богданци. Тие ветуваа обновливи извори на енергија, ништо не направија, нагласи Димитриска Кочоска.

Димитриеска Кочоска изјави дека исто така за време на ВМРО-ДПМНЕ е направена  комплетна модернизација и ревитализација на хидро централите со што втората фаза беше завршена и требаше да започне трета фаза.

– Оставивме готов проект за да се започне со ископ во рудникот Живојно, требаше да почне со откривка на јаглен во 2017, а во 2022 комплетно да биде во функција, ќе даваше по 1 милион тони јаглен, рече Димитриеска Кочоска