Министерството за финансии и Канцеларијата на ООН во земјава денеска организираа финансиски дијалог на кој пред амбасадори и меѓународни институции го претставија новиот концепт за финансирање на заедничките активности, кој претставува нов начин на унапредување на соработката на земјава со ООН.
-Соработката помеѓу нашата земја и ОН е дефинирана преку Рамката за соработка за одржлив развој, а овој настан е само дополнителен придонес во реализација на дефинираните стратешки приоритети кои ќе бидат во фокусот на заедничката работа со ОН и изнаоѓање поефикасни и потранспарентни начини на финансирање и градење долгорочно партнерство. Овој настан претставува можност да се запознаеме со еден нов начин на унапредување на нашата соработка во веќе воспоставеното партнерство и зголемување на ефикасноста во реализацијата на поставените развојни цели, истакна министерката за финансии.
Таа додаде дека со поддршка на ОН, преку Програмата за развој на ОН – УНДП и во соработка со другите агенции на ОН, креирана е Национална развојна стратегија 2024-2044 која го трасира нашиот иден развој и која содржи сериозни чекори за наша трансформација и градење на просперитетно и развиено општество.
-Цврсто стоиме на курсот на реализација на таквата трансформација и остварување на развојна визија, а во тој контекст се и партнерствата што ги гради и со меѓународните институции како што е со ОН, со Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд и слично, но и со партнерствата со ЕУ преку новиот План за раст и Реформската агенда, како и билатералните договори. Клучно е дека имаме визија, имаме концепт и силна волја и посветеност да ја оствариме, а во тоа е многу значајна и вашата поддршката и нејзиниот континуитет, порача министерката Димитриеска-Кочоска, која воедно се заблагодари за досегашната континуирана
-Денеска разговаравме за Договорот за финансирање на ОН и како да ги спроведеме во пракса глобалните обврски на земјите-членки на ОН и Системот за развој на ОН во рамките на националниот контекст на Македонија, истакна постојаната координаторка на ОН во земјава Рита Колумбија.
Целта, како што рече, е да се осигура што поефективна и поефикасна поддршка од ОН, во корист на сите луѓе во земјата, без некој да биде изоставен.