Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ќе игра во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија, откако синоќа Рајо Ваљекано ја совлада Мајорка со 1:0.
Димитриевски успеа да ја сочува мрежата на Рајо, а во 90+8. минута доби жолт картон поради задржување време.
Голот за Рајо го постигна Оскар Трехо во финишот на првото полувреме.
На другиот синоќешен четвртфинален дуел од Копа дел Реј, Валенсија го победи Кадиз со 2:1.
Денес играат:
Реал Сосиедад – Бетис
Атлетик Билбао – Реал Мадрид.