Претседателот на ЗНАМ и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, информира дека владиното мнозинство е стабилно и оти нема преговори за размена на ресори со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

-Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово ќе има свој кандидат за градоначалник
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во своето кусо постоење како политички субјект покажа и докажа дека секогаш работи транспарентно и отворено и точното информирање на јавноста му е приоритет.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија смета дека за да нема забуни јавноста треба да биде информирана за следното:

– Владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ.
– ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара со премиерот, како и во работната група во која учествува како политички субјект и таму се разговара, преговара и се усогласуваат политиките. Истовремено се следи реализацијата на владината програма и основните принципи и начела врз кои почива договорот за поддршка на владината програма;
– Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија на локалните избори, како што е веќе најавено, ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.
– Во однос на градоначалничките места се преговара со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за истакнување на кандидати на ЗНАМ или на ВМРО-ДПМНЕ по одредени општини, каде поддршката од двете партии ќе ја добие кандидатот на онаа што ќе биде истакнат за градоначалник уште во првиот круг од изборите.
– Што се однесува до Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има свој кандидат за градоначалник. Партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе ја има честа да учествува во траката за тоа место, пишува Димитриевски на Фејсбук.