Голманот на нашaта фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски потенцираше дека нема небитен натпревар кога ќе игра националниот тим.

„На последните натпревари примивме доста голови, доста ни шутираат на гол, ни треба подобра дуел игра на средината на теренот. Треба да ги освојуваме вторите топки и кога ги губиме тие дуели, често противникот ни шутира од далечина. Кога сме позиционирани, противникот не е многу опасен. Ги воочивме грешките и тука сме да напредуваме и подобруваме.

Секој од нас кажува неколку зборови пред натпревар, селекторот е голем мотиватор, а зборува и за тактичките детали. Професионалец сум и кога победувам и кога губам и доаѓам за репрезентација максимално концентриран за да одиграм одличен натпревар. Тоа е најмалку што можеме да сториме за националниот тим“.