Ние како партија не прогласуваме мораториуми, бидејќи немаме намера и не напаѓаме политички субјекти кои се во опозиција, изјави кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, по денешните средби со граѓаните на Ѓорче Петров.
– Ние како партија не прогласуваме мораториуми, бидејќи немаме намера и не напаѓаме политички субјекти кои се во опозиција. Водиме позитивна кампања. Но, притоа сакам да истакнам дека денешнава состојба којашто е лоша и никогаш не била полоша во државата, е резултат на владеење на два политички субјекта од македонскиот блок и еден политички субјект од албанскиот блок, тоа е ДУИ. Ваквите повици не можат никого, ниту колективно, ниту индивидуално, да изземат од каков било вид одгворност во претходниот период на владеење – рече Димитриевски.
Прашан дали прифаќа национално обединување, Димитриевски одговори:
– Не да прифатам, ние како ЗНАМ први во државата излеговме со еден ваков повик и мило ми е што веќе има втор.
НАспроти Димитриевки, Димитар Апасиев од Левица го одби повикот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНе пишувајќи на ФБ:
„Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. p.s. Термометарот на ЖЕСТОКОСТА во критиката не смее да се спушти ниту за степен!“