Актуелниот и кандидат за градоначалника на општина Куманово, Максим Димитриевски, оствари средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски.

Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер ВРЕДИ добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово, објави Максим Димитриевски.

Димитриевски упати благодарност на сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.

Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши Кумановчани, додаде тој.