Македонскиот фудбалски репрезентативец Столе Димитриевски на прес конференцијата зборуваше за противникот.
„Со Шишковски често разговараме за ерменските репрезентативци и спремни сме за натпреварот. Секогаш детално анализираме без разлика кој е нашиот противник. Имаме одлична соработка со одбранбените фудбалери на последните три натпревари и верувам дека и утре нема да примам гол.
Сите натпревари се тешки, се спремам за сите натпревари на ист начин. Така ќе биде и утревечер“, изјави репрезентативниот голман.
Главен судија на мечот ќе биде Стуарт Атвел од англиската Премиер лига, а ќе му помагаат Стуарт Бурт и Акил Хоусон. Четврти судија ќе биде Тони Херингтон.