Државјани на Република Македонија кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел.
Синоќа 50 минути по полноќ авионот од Бон со 180 наши државјани слета на скопскиот аеродром .
Согласно протоколите за државни карантини, тие се упатени и сметсени во хотел Дрим во Струга, каде што ќе поминат 14 дена во изолација.
Вчера од Берлин со авион беа вратени 176 лица, 173 возрасни и три дечиња. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук информира дека во летот на Визер кон Германија беа однесени и странски државјани од Скопје.
– Во соработка со странските претставништва кај нас, им помагаме при репатријацијата во нивните татковини: Австрија, САД, Австралија, Чешка, Холандија, Малезија, Словачка, Унгарија…Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани, напиша Димитров.