Кон Берлин со добро спакувани аргументи во „куфер“, порача денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред да одлета во Берлин.

– Ви посакувам убав и продуктивен почеток на неделата! Пред некоја година, ќе кажев: имајте убаво понеделниче, порача Димитров преку Фејсбук, со насмевка во емотикончето.

А од МНР соопштија дека Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Берлин, каде ќе учествува на настанот „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските федералисти.

Шефот на дипломатијата, како што е соопштено, ќе има средби со пратеници во германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.