Шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка од страна на Европската комисија вчера во Советот на ЕУ, се огласи на Фејсбук.
– Зоран, за еден од големите предизвици на кои работевме заедно последниве три години ми рече: „Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста за успехот кога ќе ги надминеме! Одиме напред!“, напиша Димитров на Фејсбук.
ЕК вчера ги предаде преговарачките рамки за Македонија и Албанија до Советот на ЕУ, а содржината на рамките се објавува само откако таа ќе биде усвоена од страна на земјите членки во Советот. Преговарачките рамки се позицијата на ЕУ во преговорите за членство.