Носителот на листата за совентици на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Даме Димитровски се обрати на надорниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Чаир.
-Место кој што секогаш имало душа, место што ме враќа мене во детството. На првиот бербер во Чир, на стариот кројач во Чаир, на ќебапи со татко ми во Чаир, на Бит пазар со мајка ми во Чаир. Тоа е Чаир што јас го паметам, место каде што комшијата ти е како брат како пријател, како побратим, рече Димитровски.
Тој потенцира дека денес духот на Чаир се губи и дека се изгубивме и ние.
-Заглавивме во неработење, рамнодушност, во години без визија. Гледаме магла меѓу зградите, гледаме улици полни со ѓубре, гледаме како младите си одат, гледаме дека нашето маало во Чаир венее и доста е со тоа. Доста е со празни зборови и доста е со чекање. На Чаир не му треба спасител, на Чаир му треба план и ние имаме план со 9 темели цврсти како нашите корени тука, рече Димитровски.
-План за практични решенија за нашите секојдневни проблеми, чист воздух, да ја тргнеме маглата тука буквално со строга контрола за загадувачите, со чист јавен превоз, со повеќе зеленило за нашите деца да можат да дишат, за Чаир кончно да диши. Безбедност, улиците се за нашите деца не за брзи коли, ќе направиме безбедни патеки до секое школо, до секоја градинка. Со програмата „Безбедно до училиште“ ќе дадеме спокој за сопокој родител, тоа ќе биде нашата обврска, потенцира Димитровски.