Имено, ЕК ќе си ги повлече парите од ИПА фондовите наменети за Македонија, но при тоа наведува дека буџетот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НА) не смее да се намали за да нема последици по квалитетот на програмата. Тоа, пак, значи дека Македонија треба да си намени 2,2 милиони евра од општиот буџет за спроведување на Еразмус+ програмата.
Како ова технички ќе се изведе е нејасно. Познавајќи ја администрацијата на држава, можам да речам дека дури е и невозможно. Новата влада е сега исправена пред уште неколку предизвици:
1) Кој ќе ги врати парите? Зошто нема никакви новости од предистрагата? Инаку, за ваша информација, иако ЈАС ја пријавив злоупотребата и во Брисел и во Јавното обвинителство, мене никој досега не ме има повикано да дадам исказ што ме наведува да верувам дека предистрагата е всушност „мижи Хасан да ти бајам“. Дополнителен доказ за ова е и фактот дека првоосомничениот продолжува да добива пари од Еразмус+ а мене ми е забранета дејност.
2) Каде е лоцирана одговорноста кај 1) директорот на Националната агенција кој ги исплати замрзнатите средства на првоосомничениот од кривичната пријава, 2) Што се слуќува со Управниот одбор на Националната агенција кој следеше само партиски инструкции и дозволи да се случи сево ова, иако од моја страна беше информииран за секој чекор што го беше преземала НА кога јас бев директорка, 3) Потпретседателот на Влада задолжен за евроинтеграции кој е истовремено и НИПАК (Национален координатор за ИПА од каде што се плаќаат влезните билети за програмата и се програмира европката помош), 4) Националната власт (тело во Министерството за образование задолжено за надзорот и инспекцијата на Националната агенција), 5) Јавното обвинителство што постапува 1 век во предистрага, 6) Судот што не сака да го поврзе мојот случај за кој имам допис од ОЛАФ дека не се најдени никакви проневери и овој случај што јас го пријавив и кој е директен причинител за политичката хајка против мене од претходната власт, 7) Делегацијата на Европската Унија во Скопје што соработувае постојано со власта иако знаеше дека има воспоставен шема на злоупотреба на европските пари (лично го бев информирала и Самуел Жбогар и Никола Бертолини од Делегацијата… Веројатно има уште многу други што можат да се наведат, но нека остане на ова.
Новата Владата ќе мора да внимава многу кого ќе постави за директор на Националната агенција и кому да му даде доволно поддршка за Македонија да се извади од оваа каша.
Линк до истражувањето што ја објави обврската за враќање на 2,2 милиони евра.
Лидија Димова