Жестоко беше гостувањето на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Битиќи од СДСМ во Само вистина.

Димовски категорично се осврна на прашањата зошто Македонците чувствуваат дека државата им е одземена и директно му се обрати на Битиќи.

„Тој што одземал право во оваа држава е исклучиво вашата партија, во најмалце два случаи. Јас како Македонец немам право да одлучувам за албански прашања без бадинтерово мнозинство, но вие како Албанец, имате право да одлучувате за македонските прашања, без бадинтерово мнозинство. Е тоа е разликата која што беше злоупотребена не од албанците туку од СДСМ, заради евтино преживување на власт, за да пробутка француски предлог и преспански предлог и после да се чудите зошто Македонците биле чувствителни, зошто чувствувале дека државата им била одземена, заради тоа што некој ги довел до ќош и им го одземал правото да одлучуваат за себе“, рече Димовски.