Илија ДИМОВСКИ
Власта е свесна дека греши!
Самото барање да се гласаат измени на Уставот, па да се оди на избори зборува јасно дека власта не е спремна да ја стави својата политика на испит пред граѓаните за тие да одлучат дали е добра…
Да беше власта демократска, а не наследство на тоталитарни политички структури и да беше власта спремна и способна да објасни пред граѓаните и да добие поддршка, а не да врши тортура и силување, веднаш после добивањето на т.н. француски предлог оваа држава ќе одеше на избори и немаше веќе до сега да изгуби повеќе од една година на нашиот идеализиран и замислен пат кон полноправно членство во ЕУ…
Помината времето во кое политичките одлуки се носе во обвинителството и судовите, а судските и обвинителски одлуки се носеа во Владата…
Токму оние што се најгласни против избори, се тие кои мислеа дека сите одлуки во оваа држава ќе се носат по волјата на нив неколку, а ќе се спроведуваат од правосудните органи…
Избори имало брзо или не, оваа Влада ги троши своите последни неколку месеци,
па затоа стравот од избори не им е корисна работа…
Едноставно е, не трошете време на граѓаните и на Македонија да им објасните дека треба да направата нешто против својот интерес….
Македонија ќе оди кон ЕУ, но не со вас, туку со достоинство и зачувани македонски национални и државни интереси…