Во однос на дилемите и обидите на владеачката СДСМ и Зоран Заев, кои што во неколку наврати најавуваат обид за поролонгирање на изборите, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, денеска во Делчево истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да му деозволи такво сценарио на Зоран Заев кој што знае што го очекува.
-Живееме во една реалност во која што девалвирано и девастирано е цело општество-сите пори на општеството. Девалвирано е образованието, девалвирано е здравството, економијата е урнисана, затоа на 12-ти април избори мора да има а на 12-ти февруари изборите мора да бидат распишани. Ако не бидат распишани на 12-ти февруари изборите, СДСМ ќе ја втурне Македонија во уште посериозна, уште поголема политичка криза. И тоа е главната причина поради која што не може да не се распишат изборите на 12-ти февруари. Отстапка од распишување на избори ВМРО-ДПМНЕ нема да направи, и отстапки од одржување на избори на 12-ти април ВМРО-ДПМНЕ нема да направи. Изборите ќе се случат и народот ќе си го каже своето на 12-ти април, истакна Димовски.