На натпреварот помеѓу Шкупи и Динамо Загреб кој е во тек домашната екипа има голема поддршка од околу 10.000 гледачи.
Најгласни се т.н. „Шверцери“, кои се сместени на источната трибина.
Тие скандираа „Уби, уби, Србина“, за што клубот сигурно ќе биде казнет од УЕФА.
На „Градски“ има и мала група навивачи на Динамо.
Инаку, Шкупи и Динамо Загреб играа 2:2 во првиот натпревар, а моментално загрепчаните водат со 1:0 во реванш мечот од квалификациите за Лигата на шампионите.