Градоначалникот Петре Шилегов од вчера преку својот профил на Фејсбук се фали со диносаурусите кои ги носи во тн. дино-парк во ЗОО Скопје.
Изградбата на дино-паркот почна пред една година, а сега се диносаурусите да пристигнат во Зоолошката градина во Скопје. Како што најавија од Градот тогаш дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.
За изградбата на паркот се потрошени околу 20 милиони денари, а отворањето е планирано за следната година со влезница која ќе чини 50 денари.
Не е лошо Скопје да има и диносауруси, но прашање е дали тоа е неопходно во време кога е најполн град во Македонија со заразени од коронавирус и кога многу училишта немаат најдобри услови и за редовна настава, а камоли за настава во услови на пандемија. Оваа власт ја критикуваше претходната, и централна и локална, дека во Скопје се трошат пари за споменици и музеи, а еве сега тие што критикуваа за музеи и театри ни носат диносауруси.