Дино Раџа, легендата на југословенската, хрватската, но и на НБА кошарката, по веста за смртта на Коби Брајант, на фан страницата на ФБ објави:
„Страшно почна оваа година, а се чини продолжува уште полошо. Каква трагедија за американскиот спорт, а не само за НБА. Брајант беше синоним за тешка и напорна работа, заедно со силниот талент. Бескрајно сум тажен. Животот понекогаш е силно нечесен.“