Нова тензија е предизвикана во односите меѓу Москва и Атина – по заемното протерување дипломати сега Грција дипломатската војна ја сели на верски терен.
Овој пат, како што денес објави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, станува збор за случај на одбивање виза за руски свештенициод страна на Грција. Притоа Захарова истакнува дека ова прашање е неприфатливо и притоа додаде дека од грчката страна е побарано објаснување.
„Руското МНР одблизу ја следи ситуацијата во однос на издавањето визи за граѓани на Русија. Каква било дискриминација по прашањето за визите, било да станува збор за национални или бизнис причини, не е прифатливо“, рече Захарова.
Таа рече дека побарале од грчката амбасада во Москва објаснување за случајот.
Станува збор за свештеници на Руската правослвна црква (РПЦ) кои без објаснување биле одбиени во грчкиот Генерален конзулат.
Во заднината на овој настан, денес се огласи и грчкото МНР по повод протерувањето нејзини дипломати од амбасадата во Москва. Во невообичаено острото соопштение, Атина забележува дека нејзините мерки биле донесени врз основа на проценка на дејствувањето на руските дипломати, а тие на Москва арбитрарно.