Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден ја прими првата од двете дози на новата вакцина против Ковид-19 на „Фајзер/БиоНТек“ во присуство на голем број медиуми.
Преносот од клиниката во Њујарк, во Делавер, каде беше извршена вакцинацијата, го вршеше Си Ен Ен.
Бајден носеше заштитна маска и му се заблагодари на персоналот во клиниката.