Зоран Заев и Христијан Мицкоски ќе имаа директна средба в понеделник.
Средбата ќе се одржи во Клубот на пратеници со почеток од 13 часот.
Договорот за средбата го потврди и Заев на неговиот Фејсбук профил.
-Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред – напиша Заев.