На 01.03.2023 во СВР Битола, М.С.(50) од Битола, директорка на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, пријавила дека на 25.02.2023, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет „Влахо“ во с.Живојно, општина Новаци.

Притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот.

Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.