Директорката на американското разузнавање Аврил Хејнс изјави дека руската војна во Украина го „намалува темпото“ и посочи во наредните месеци украинските сили имаат добри изгледи.
Таа алудираше на изјавите од некои аналитичари, дека советниците на рускиот претседател Владимир Путин го изолираат од лошите вести за ситуацијата на военото поле.
– Тој станува поинформиран за предизвиците со кои војската се соочува во Русија. Но сè уште е нејасно дали има целосна претстава колку предизвици имаат во оваа фаза, изјави Хејнс синоќа на Реган форумот за национална одбрана.
Таа додаде дека се гледа намаленото темпо на конфликтот, како и оти двете страни ќе гледаат повторно да се опремат, да ги обноват резервите и да се реорганизираат, за можна украинска противофанзива на пролет.
Хејнс посочи дека таквата ситуација и во тој временски период е „пооптимистична за Украинците“.