Директорот на ФБИ, Кристофер Реј пред неколку дена предупреди дека бројот на руски шпиуни кои дејствуваат во САД „се уште е преголем” и покрај напорите да бидат блокирани.
– Руската традиционална контраразузнувачка закан и натаму е голема. Разузнувачките службеници и натаму се многу во САД и тоа е нешто со што постојано се соочуваме и се обидуваме да го блокираме, спречиме и пореметиме на секаков начин – изјавил Реј во Музејот на шпиуни во Вашингтон.
Како што пишува Ерактив, заканата од руски шпиуни кои дејствуваат во САД не е ништо ново. Но, бидејќи американските функционери се повеќе ја гледаа Русија на чело со Путин како противник, традиционалните контраразузнувачки грижи кои едно време се сметаа за реликвија на Студената војна повторно се на сцена бидејќи шпиуните кои дејствуваат на тлото на САД (а не сајбер шпиуните кои дејствуваат од внатрешноста на Русија) повторно го привлекоа вниманието.