Директорот на ЈП Македонски железници – Инфраструктура, Хари Локвенец во интервју за порталот Локално рече дека ќе се гради пруга до скопскиот и охридскиот аеродром.

-Останува уште мал дел кој треба да се изгради за поврзување со Коридорот 8 на потегот меѓу Кичево и Требеништа. И последно е поврзувањето на скопскиот аеродром. Проектираната динамика за завршување на источното крило на Коридорот 8 е крајот на 2027 година, кажа Локвенец во интервјуто за Локално за плановите за железничко поврзување на Македонија со Бугарија, како и за железничките поврзувања во земјава.

Директорот Локвенец додаде дека со проектот се планира и поврзување на Охрид и охридскиот аеродром.

Целото интервју на Локвенец може да го прочитате ТУКА.