Почитувани,
Ние мајките, на кои породилно отсуство им заврши пред почетокот на вонредната состојба, не упеавме да добиеме продолжено породилно отсуство, ниту успеавме да ги запишеме децата во градинка, па да добиеме потврда за да можеме да останеме дома со бебињата. Поради тоа што сме најдискриминирани бараме со закон да ни се дозволи да останеме и ние дома со бебињата, како што им е одобрено на родителите на деца до 10 години. При тоа самиот извод на родени на децата да биде доволен документ за работодавецот да не ослободи од работните обврски. Ние сме во многу незавидна ситуација, бидејќи немаме можност да ги оставиме бебињата во градинка, а мора да одиме на работа бидејќи немаме потврди од градинка. Поради тоа бараме да го заштитите здравјето и на нашите најмали и да можеме само со извод на родени на детето да влеземе во категорија на родители кои можат да останат дома додека траат времените мерки, бидејќи ние како група сме најдискриминирани и ниедна одлука не нé опфаќа. Бараме мајките кои не можат да извадат потврда од градинка, а имаат деца под 10 год. возраст, да можат да приложат извод на родени на детето како доволен доказ, прифатлив од рабородавецот, за да можат да останат дома со своите деца. Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време и ќе биде јавно објавено и наложено на нашите работодаваци да го почитуваат истото. Секое дете е битно. Ви благодариме однапред
(Реакција на група мајки на кои породилното отсуство им завршило пред да биде прогласена вонредна состојба)