Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба утре ќе ја посети Кина, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се истакнува дека главната тема на дводневната посета на Кулеба во Кина ќе биде потрагата по начини за запирање на руската агресија и можната улога на Кина во постигнувањето одржлив и праведен мир.