На ниво на држава, до 17 часот излезеноста е 39,28 проценти односно вклупно гласале 279.241 гласач од 96,94 проценти на податоци од избирачки места што пристигнале до ДИК.

По општини, статистиката е следна: Аеродром 36 отсто; Боговиње 34,53; Брвеница 48,87; Валандово 53,23; Виница 40,68; Дебар 35,91; Дебрца 51,04; Демир Капија 62,71; Дојран 62,96; Долнени 45,69; Зрновци 45,77; Карпош 40,73; Кичево 48,63; Конче 64,44; Кочани 34,04; Крушево 61,89; Куманово 27,72; Лозово 62,78; Македонска Каменица 45,49; Македонски Брод 46,95; Могила 39,81; Неготино 46,03; Пробиштип 61,25; Ранковце 58,03; Росоман 63,58; Струга 35,42; Студеничани 38,82; Тетово 39,74; Центар 39,38; Чешиново-Облешево 49,80, Чучер Сандево 51,13 и Шуто Оризари 25,82 проценти излезеност.

Според податоците на ДИК, до 17 часот најголем одѕив за гласање има во Конче (64,44), како и во Дојран (62,96), Демир Капија (62,71), Крушево (61,89) и Росоман (63,58), а најслаб е одѕивот во Сарај (8,77), Шуто Оризари (25,82) и Куманово (27,72).

Тодоровска Алексовска соопшти дека до оваа прес-конференција до ДИК нема пријави за поголеми неправилности и нема пристигнато информација од некое избирачко место дека гласањето ќе продолжи по 19 часот.