Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден, во еден или друг формат, е можна до крајот на годината, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков на прес-конференција кажа дека рускиот помошник на претседателот Јуриј Ушаков и американскиот заменик државен секретар за политички прашања, Викторија Нуланд, на нивната недоамнешна средба разговарале за „различни опции и дека е постигнато одредено разбирање“, пренесе Тасс.
-Ќе ве известиме кога сите детали ќе бидат финализирани во однос на форматот и датумот, рече Песков.
На прашањето дали е можна таква средба годинава, Песков кажа дека „тоа е реално во еден или друг формат. Ќе ве известиме однапред “.
Во текот на пленарната седница на „Неделата на руската енергија“, оддржана на 14 октомври, рускиот претседател спомена дека Нуланд, за време на својата посета на Москва, ја допрела можноста за контакти на највисоко ниво.
Путин и Бајден на 16 јуни во Женева ја имаат својата прва средба на највисоко ниво, а тоа беше и прв самит Русија-САД од 2018 година.