Секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и како што народот вели, не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за тебе и твојата иднина. Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, време кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност, вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во Македонија.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:

За една година покачивме:

Пензии и плати,

Градиме патишта,

Над 1.2 милијарди евра странски инвестиции,

Вработени 1000 полициски службеници,

За прв пат после 7 години во учебната година 2024-2025 се започна со испорачани учебници, над еден милион примероци беа поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден и покрај краткиот рок,

Обезбедени 680 милиони денари буџет за наука во 2025 година, двојно повеќе од 2024 година.

Одобрени 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина,

500 милиони евра за бизнисот и капитални проекти за општините,

Македонската економија на 4-то место во Европа според растот на БДП, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска… и многу други работи.

Имаме уште многу работа, свесни за предизвиците на секојдневието и реалните проблеми на граѓаните, како што знаеме дека вие сте свесни што наследивме, дека чуда не се можни преку ноќ и дека не е лесно, но со истрајност, заедништво, труд и јасен план потпрен на темелите на развој кој ги поставуваме минатава година, развојот е возможен и на дофат, најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат.

Секогаш блиску до народот и за граѓаните. Утре се гледаме на отчетот на првата година од Владата на промени во 20:00 часот.

1 година од новиот почеток,
1 година градење темели,
1 година за тебе!
Доаѓа Времето на Македонија!
Ги градиме темелите на промените, порача Мицкоски.