Стив и неговата сопруга Ленка изјавија кога ја зедоа наградата дека не планираат да ја напуштат работата, иако нивната сметка беше дебела над 105 милиони фунти, а Стив деновиве не наплати неколку интервенции како градежен работник во соседството.
Британските медиуми објавија дека Томпсон одбил да наплати за работата што ја направил овој месец , а една од нив била во куќата на неговиот сосед. Тој, наводно, му рекол дека за Божиќ треба да ги потроши пари за себе наместо за градежни работи. Анонимна жена им кажала на новинарите дека Томпсон е добар човек.
„Не го прашавме за добивката затоа што тој веројатно зборува многу за тоа. Мислам дека е убаво што тој сè уште може да работи затоа што не мора да размислува што да прави со парите“, изјави таа, додавајќи дека Стив сè уште го користел своето старо комбе за одење на работа и дека веројатно ќе престане да работи како градежен работник кога ќе ја заврши целата работа што ја започнал оваа година.