На човек во Хрватска (Сплит) му стигнало предупредување од телеком по пошта да плати износ од 0,00 куни.
Спорната опомена има дури и рок за плаќање. Таква сметка добил човек кој е воедно и писател и сатиричар, па одлучил да се пошегува со човечка глупост, објави Слободна Далмација.
Човекот го прераскажал и дијалогот кога отишол да го плати спорната сметка:
– Добар ден, би сакал да ја платам сметката.
– Повелете
– Еве
– Вие мене ме зае..те
– Не, дали тука пишува дека треба да се плати до тој датум. Ако не ми заверите дека сум постапил по налогот тие може ова да го имаат во евиденција и да се даде на понатамошна обработка, а тогаш би имало големи трошоци.
– Па, се гледа дека е нула
– Не го гледа тоа секој.
– А, кој покрај здрави очи не би видел?
– Па, тие кои ми ја испратиле уплатницата
– Па, тие мора да ви го испратат ова заради евиденција
– Тогаш вие удрете печат дека сум платил
– Шефееее…