Добитник на џек-пот од лотаријата ЕуроМилионс во Велика Британија влезе во новата година побогат за 115 милиони фунти. Играчот стана четврти најголем дпобитник во историјата на Обединетото Кралство освојувајќи цел џек-пот од 114.969.775,70 фунти, соопшти британската државна лотарија.
Уште шест играчи освоиле по милион фунти во извлекувањето на броевите за Нова година.
Во јули 2011 година Колин и Крис Виер од Шкотска станаа најголеми добитници на лотарија во Обединетото Кралство – 161 милион фунти. По една недела мораа да го напуштат својот стан бидејќи ги „напаѓаа“ луѓе кои бараа пари.