Пијо Императи, сопственик на фризерски салон што го носи неговото име, ризикувал и ја ангажирал фризерката Кети Мура, веднаш штом завршила занаетчиско средно училиште пред 15 години. Оттогаш работите стигнале дотаму што, Императи ѝ го продаде својот дуќан во Њу Хејвен, Конектикат, САД, за само еден долар…
– Таа е добра фризерка, а и добра берберка. И многу е убава… Ѝ го продадов дуќанот за еден долар, за да останеме пријатели. На крајот, се оствари мојот сон – да му ја предадам фризерницата на некој достоен, изјави Императи за весникот „Њу Хевен реџистри“.
Иако Мура ќе му плаќа кирија на Императи, таа сепак, заштеди десетици илјади долари за данокот за купување, а нема да плаќа ни за нова опрема, материјали и нема да бара нови муштерии. Императи (79) сè уште работи во неговиот поранешен салон, но сега само како „надворешен соработник“.
Мура, која сега е искусна работничка, се сеќава дека кога завршила училиште никој не сакал да ја вработи бидејќи немала искуство. Преку пријателка го добила телефонскиот број на Пијо, па така тој и неговата сопруга ја вработиле.
– Сега сме како семејство. Пијо е таков со сите што влегуваат во салонот. Тој сака секој што работи тука да напредува и да стане нешто!, вели Мура за Императи.