Британска аукциска куќа „Кристи“ ќе организира наддавање за Ковид-19 фондот којшто е во рамки на Фондацијата за истражување на СИДА-та (АМФАР).
Ова уследи по откажувањето на добротворниот фестивал во Кан поради пандемијата.
Колекционерите и уметниците подарија неколку современи уметнички дела, од коишто некои никогаш и не се видени во јавноста, се вели во соопштението на „Кристи” и АМФАР. Како што се истакнува, аукцијата има за цел – премостување на јазот во собирањето средства за решавање нови и итни закани од Ковид-19.
Главната цел на Фондацијата е пронаоѓање лек за вирусот.
Датумот на аукцијата сѐ уште не е објавен, но би требало да се совпадне со пролетното наддавање на „Кристи“ во Њујорк, закажано за 22 јуни, недела.