Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје, откако вчера вдишал час при помагање во гасење на пожарот во Чучер-Сандево.
Оваа информација ја потврди неговиот татко, Јовица Кукуновски. Иван вчера се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар што избувна во ридско-планинскиот предел во општина Чучер-Сандево.
Младиот Иван бил дел од екипите кои повеќе од 24 часа се бореа со огнената стихија. Пожарот се закануваше да зафати и населени места. Неговата пожртвуваност е само уште еден доказ за храброста на сите кои учествуваа во гаснењето.