Додека американскиот претседател влегуваше во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи за да се сретне со севренокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, портпаролка на Белата куќа, Стефани Гришам доби неколку модрици.
Имено, дошло до туркање на севернокорејските телохранители и репортерите кои сакале да му се приближат на Трамп и Ким и да го засведочат моментот на ракување.
Тогаш обезбедувањето реагирало и на портпаролката на Трамп која се обидувала да им помогне на американските новинари да ја добијат најдобрата позиција од која ќе ја направат историската фотографија.
Во преносот во живо можеше да се чуе како сите се туркаат и Гришам која им дава упатства на новинарите.
Сето тоа можеа да го видат граѓаните ширум светот кои го следеа ова случување.
Хаотични сцени од демилитаризираната зона. Фотографката од АП, вика по азиските репортери да се тргнат, Карлсон мирно снима, а Ханан Сален трча наоколу. Трамп се обидува да изгледа достоинствено.
„Врвот на лудилото“ е обезбедувањето кое беше претерано затоа што понекогаш и севернокорејските сили се обидуваа да ги блокираат американските новинари. Новата портпаролка даде сè од себе за американските новинари да влезат во Куќата на слободата каде што беа Трамп и Ким, а притоа заработи и модрици“, напиша една новинарка.