Претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави вечерва дека оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај „личи на фарса“, која треба да биде основа за „дополнителен притисок врз Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ“.
Тој потсети дека на Харадинај порано не му било пресудено во Хашкиот трибунал, а сега е „повикан на нешто што треба да биде слично“.
Додик смета дека „сите заедно треба да се посветат на ова прашање“ и очекува „косовското решение да се постави како сесрпско“.
Според него, во овој момент околу Вучиќ треба да се соберат сите политички, национални и државни фактори во Србија. Тој оцени дека Вучиќ е „тврд преговарач“ и нема да им наштети на српските национални интереси.
По повод оставката на Харадинај, претходно вечерва Додик во Белград се сретна со српскиот претседател и неговите соработници.