Сириските бунтовници постигнаа договор со руски офицери за етапно предавање на оружјето и за распоредување на припадници на рускате воена полиција крај јорданската граница, изјави бунтовничкиот портпарол Ибрахим Џабави.
Тој рече дека на преговорите, што се водеа во град во јужниот дел на Сирија, било договорено и да прекинат воените акција од двете страни.
Во договорот има клаузула и за повлекување на провладините паравоени групи од неколку градови во Јужна Сирија.
Џабави рече дека областа ќе биде под контрола на локалните сили, контролирани од страна на Русија.
Според информациите на очевидци, оклопни возила и тенк со руско знаме се насочиле кон пунктот „Насиб” на границата со Јордан, кој е под контрола на бунтовниците од 2015 година.
Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, сириските владини сили се на околу три километри от контролниот пункт. Превземањето контрола над „Насиб”, откаде минува важна патна артерија, е една од основните цели на сириската влада.
Повеќе од 320.000 луѓе избегаа од провинцијата Дара, од кои 60.000 се собраа на граничниот премин со Јордан, а уште илјадници – на границата со израелскиот дел на Голанска Висорамнина.
Поради напливот на бегалци и интензивирањето на судирите, јорданската армија испрати засилување на својата граница со Сирија.