Судирите во Појасот Газа ќе бидат прекинати за да се овозможи вториот круг вакцинација против детска парализа, со кој ќе бидат опфатени 590.000 деца помлади од 10 години, објави денеска директорката на УНИЦЕФ Кетрин Расел.
Хуманитарната пауза во конфликтот ќе започне на 14 октомври, рече Расел.
„Критично е важно сите страни да ги почитуваат овие хуманитарни паузи. Без тоа ќе биде невозможно да се вакцинираат децата“, додаде таа.