Бугарскиот премиер, Кирил Петков, кој најави дека ќе раководи со малцинска влада по напуштањето на партијата „Има таков народ“, на Слави Трифонов, во интервјуто за бугарската национална телевизија изјави дека во однос на Македонија, тој е согласен со ставот на сега веќе поранешната министерка за надворешни работи Генчовска дека првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Европската Унија ќе се случи по промената на уставот и вметнувањето на Бугарите во конститутивниот акт на нашата држава.

„Во моментов е само на ниво на предлог, не знам до каде ќе стигне. Тоа е европските партнери да се согласат дека првата меѓувладина конференција за РСМ во ЕУ ќе се случи по промената на Уставот. Ова е на ниво на преговори, но низ дискусија стигнато е до ова решение“, – вели Петков.