Договорот со Бехтел и Енка за изградба на Коридорите 8 и 10 Д останува тајна за јавноста и пратениците кои треба да ги направат контроверзните законски измени, но документот со одредени касифицирани делови ќе биде испратен на Јавното обвинителство за да се провери дали се точни наводите за можна корупција од владини функционери.

Во меѓувреме и премиерот призна дека власта бара начин како да ја тргне опозицијата од комисиите за законски измени поврзани со Договорот.

Денеска се одложи седницата на Комисијата за труд и социјална политика за воведување на 60 часовна работна недела, а која е заглавена со над 1000 амандмани на Левица. Неофицијално, се размислува за групирање на амандманите, што е предвидено како алатка во Деловникот, за да се сведат на десетина. Не е исклучено и законските измени да бидат повлечени, а потоа од Владата предложени со европско знаменце за да се ограничи диксусијата.

За комисиите што ги предводат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а чии седници не се закажуваат, постои опцијата Џафери да назначи нов претседавач на собраниските тела.

Од владејачката ДУИ велат дека ќе се обидат да се најде компромис преку аргументиран дијалог со опозицијата, но ако не се најде има начини да се донесат законските измени.

Премиерот Ковачевски пак, не потврдува дали дали Владата размислува да стави европско знаменце, но вели дека коридорите се и клучни во остварувањето на стратешките цели на државата.

Сепак, опозицијата не се откажува од намерите.

Резерви кон контроверзните законски измени, особено за 60 часовната работна недела, изрази и шефот на државата Пендаровски кој најави дека ќе по нивното донесување ќе ги провери со неговиот правен тим и ако најде сомнеж за противуставност нема да ги потпише указите за нив.