Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на БиХ, Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби.
Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини, веднаш се евакуирани.
На терен е полицијата која проверува дали заканата е реална. Во изминатиот период во Сараево зачестија дојавите за бомби, а досега биле лажни. Цели на анонимните закани, покрај училиштата се и судовите.
И во Србија во изминатите два месеци зачестија дојавите за бомби, пред сè во училиштата, но и во други институции.