Дојче банк најави дека до 2022  година ќе отпушти 18.000 вработени, или околу петина од вкупно вработените, во рамки на новиот круг од  процесот на реструктуирање, јави Фена.

Банката објави дека реструктуирањето до 2022 година ќе вклучи „намалување на работната сила“ на околу 74.000 вработени.

Отпуштањата би можеле да придонесат за намалување на годишните трошоци за шест милјарди евра до 2022 година.

Банката, исто така, планира да го укине работењето со акции на глобално ниво и да го намали инвестициското банкарство. Како резултат на трошоците за реструуктуирање во вториот квартал се очекува нето загуба од 2,8 милијарди евра. Од „Дојче банк“ наведуваат дека најавеното реструктуирање до крајот на 2022 година може банката да ја чини 7,4 милијарди евра.

Оваа банка пред 10 години беше погодена од тешка финансиска криза. Оттогаш се обидува да оствари профит во согласност со новите безбедносни одредби што им се наметнати на сите банки, јави „Дојче веле“.