Во Азија, јагленот се уште царува – и покрај тоа што обновливите извори на енергија стануваат поевтини.
Кина, Индија, Индонезија, Јапонија и Виетнам се подготвуваат да изградат 80 отсто од планираните нови централи во светот на јаглен, се вели во извештајот на британскиот Carbon Tracker.Експертите посочуваат дека електраните на јаглен веќе немаат иднина: ниту финансиска ниту еколошка. И додека останатиот свет се откажува од нив, а многу такви централи прекинуваат со работа, големо прашње е зошто тие држави градат 600 нови централи на јаглен кои ќе бидат со загуби.Поглед одблизу потврдува дека има нешто несоодветно.Петте азиски земји веќе работат со околу 75 отсто од тековните светски централи на јаглен – 55 отсто во Кина и уште 12 отсто во Индија.
Извештајот нагласува дека околу 27 отсто од постојните постројки веќе работат со загуба, а други 30 отсто едвај излегуваат од нула.Во исто време, новите обновливи извори сега можат да заменат 80 проценти од светските централи на јаглен и веднаш да започнат да штедат пари, се вели во извештајот.Тие предвидуваат дека до 2026 година, скоро 100 отсто од капацитетот на јаглен во светот ќе биде поскап од изградбата и работењето со обновливи извори. И, ако светот продолжи да декарбонизира според целите на Парискиот договор, електрани на јаглен во вредност од 185 милијарди евра ќе станат непотребни.– Но, ако јагленот е толку неконкурентен и не дава економска смисла, тогаш очигледно овие земји имаат поинаква идеја, вели Катарина Хиленбранд фон дер Ниен, директор на Carbon Tracker.Една причина може да лежи во „чувството на сигурност во снабдувањето“, вели таа.Ли Шо, експерт од Пекинг, вели дека планот на Кина за изградба на електрани со јаглен од 187 гигават е исто така поврзан со чувството дека тие ќе генерираат БДП и работни места.– Но, новите погони се осудени на неуспех, рече таа.
– Кина веќе има повеќе електрани отколку што може да користи. Резултатот е дека секоја од нив ќе изгуби пари на долг рок. Единствената надеж е ненадејна промена во политиката и забрана за нови проекти за јаглен – како што се случи во Европа. Покрај тоа што е добро за природата, тоа ќе ја зголеми и конкурентноста на Кина. Даночните обврзници, исто така, немаат причина да плаќаат: тие сепак ќе го сносат товарот на централите на јаглен – околу 150 милијарди долари.Промената веќе се случи во Бангладеш, каде неделава стана јасно дека 10 од планираните 18 нови централи на јаглен нема да бидат изградени. Математиката и климатските промени се меѓу главните причини, беше нагласено од министерот за енергетика.„На глобално ниво постои загриженост за јагленот и ние мора да се придржуваме до тоа“, изјави Мохамед Хосаин од Министерството за енергија на Бангладеш за Ројтерс.„Владата е посветена на намалување на штетните гасови“.– Овој потег го одразува неодамнешното „преиспитување на јагленот во Азија“, рече Шуо, додавајќи дека има „знаци на намалување на апетитот Кина да инвестира во јаглен“.Таквата промена на политиката може да ја реши очигледната противречност помеѓу насобраниот јаглен во Кина и нејзината неодамнешна заложба за декарбонизација до 2060 година.
На крајот, даночните обврзници ќе мора да понесат голем дел од трошоците за нови погони кои губат пари, се вели во извештајот. Од 150 милијарди долари за кои проценува дека Carbon Tracker може да бидат изгубени, потрошувачите и даночните обврзници ќе ја плаќаат сметката во земјите каде што јагленот се субвенционира и се надополнува со народни пари.Финансиски непостојаните постројки за јаглен низ цела Азија може да изгледаат нелогично. Меѓутоа, ако се изгради и управува само мал дел, тоа ќе ја доведе во опасност загревањето на Париз од 1,5 степени Целзиусови.„Прилично многу“ од планираните постројки за јаглен што сочинуваат 80 отсто од новиот капацитет на глобално ниво, ќе треба да бидат откажани за да ја исполнат целта, според Хиленбранд Фон Дер Нејен.„Напредокот за климата и усогласувањето со Париз сега навистина зависи од Азија“, рече таа.
Дојче Веле, Бон