„До 20 проценти поскапува лебот во Република Македонија. По сите проблеми во сите гранки на земјоделството, на ред дојдоа и проблемите со пченицата и со мелничко-пекарската индустрија. А познато правило во агроекономијата е дека кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна. Ова поскапување се надоврзува на сите црнила кои што го зафатија македонското земјоделство, скапите горива, на излажаните земјоделци за зелената нафта, на проблемите со исплатата на субвенциите, на проблемите со извозот и пласманот.
Па на здравје црната спиралата на Животот, на здравје парите кај граѓаните.
Цените на лебот во секоја држава се најстабилни и ја отсликуваат состојбата на економијата воопшто. Лебот, почитувани, најмногу поскапува заради лошите мерки на ресорното министерство, во услови на поскапување на енергенсите, во услови на недостаток на квалификувана работна сила, зголемување на цената на пченицата во последните месеци за 40%“, истакна денеска Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
„Цената на пченицата се формира врз основа на цените пред жетвата, оваа година непосредно пред жетвата пуштени беа огромни количества на пченица на пазарот по цена од 7-8 денари, како и увезено брашно од Србија и од Косово. Така цената за македонските производители остана депласирана.
Тоа предизвика – домашните производители во најголем дел или да ја чуваат за сопствени потреби или да ја продаваат на други пазари или да ја конвертираат во преработки или за сточна исхрана. Од битолскиот регион се продаваше во Грција по 11-12 денари.
Тоа министерството свесно го направи за да некои од трговците да остварат профит на база на ценовните шокови, иако се знаеше дека во пролетните месеци, веднаш по Нова Година доаѓа до недостаток и автоматско поскапување. Наместо да реагира со стоковите резерви во тој период и да ги релаксираат ценовните разлики, министерството реагираше задоцнето и се создаде дисбаланс на пазарот.
Оваа година порано се јавува недостатокот помеѓу другото и заради царинската војна меѓу Косово и Србија. Домашните производители го почувствуваа тоа и тие кои ризикуваа САМИТЕ да си ја чуваат пченицата ја покачија цената на пазарот. Потенцираме САМИТЕ затоа што во изминатите години државата т.е. Министерството во програмата за поттикнување и рурален развој одвојуваше пари за помош на чување на пченицата на производителите во силосите на Стокови Резерви и други субјекти ова година таа мерка ја укина т.е ја намали од 10 милиони на илјада денари.
Целиот овој сет на промашени мерки доведе до ваков колапс на кој ВМРО- ДПМНЕ укажуваше уште во јули месец, предупредувајќи на сите овие работи. Тогаш апелиравме на покачување на откупната цена за средствата да останат кај домашните производители и преработувачите, а истовремено би се створила и стабилност на пазарот со откупувања на севкупните произведени количини. Покрај тоа, тогаш укажавме дека значително ќе се намалат површините под сеидба на лебно зрно што еве ни се случува, што заради временските прилики, што заради неатрактивност и неисплатливост на производство на пченица.
Се случи алокација на средствата од производителите и преработувачите кон трговците кои се заинтересирани само и само за нивниот профит. Оваа криза ќе предизвика нова црна спирала на покачувања, а крајната цена ќе ја платат граѓаните не по своја вина туку по вина на неспособноста на влада на Зоран Заев.
Почитувани, и за ова нема одговорност од власта. Колку побрзо оваа криминогена и неспособна власт за една намена си замине, толку подобро за Република Македонија“ порача Стоилковски.