Десетина илјади викенд туристи од земјата и странство, меѓу кои предничат оние од Србија и Грција, уште од синоќа и во текот на утринските часови го наполнија Дојран.
Дојдоа со месното население да го прослават заштитникот на Дојран, Свети Илија, и да се забавуваат на уредените плажи.
По денешниот ден дојранчани се надеваат на поголем број туристи и на бериќетен август од причина што овој месец традиционално е шпиц на сезоната во Дојран поради цветењето на алгите во езерото кои се многу лековити.
Од Општината информираа дека во Дојран почнале и подготовките за тридневниот фетистивал „Риба и вино“ што годинава ќе се одржи од 9 до 11 август под јаворите во центарот на Стар Дојран.