Нивото на Дојранското Езеро е 11 сантиметри под дозволениот максимален водостој, во рамки на просекот за јуни е кај Преспанското Езеро и Охридското Езеро, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Значително е зголемен водостојот на Вардар кај Демир Капија, Брегалница кај Штип и Црна Река кај Новаци во однос на просекот за јуни, а повисоко ниво имаат и реките Лепенц, Пчиње, Треска и Бабуна.
Под просекот за јуни е нивото на Крива Река кај Крива Паланка.