Теоријата на заговор дека Меланија Трамп на некои јавни настани ја менува двојничка, поприми широки размери. На Твитер многумина се целосно убедени дека првата дама на САД има двојничка (или повеќе), која ја менува на некои настани каде според протоколот не се зборува и не се останува долго.

Поради фотографијата што била создадена кај 23-те споменици на жртвите од торнадо во Алабама, многумина велат нема сомнение дека Меланија не е на оваа слика.

Жената на фотографијата е пониска од Меланија, носи рамни обувки, но има и поинакви црти на лицето, сметаат твитерашите.

-Конечно, сите го прифатија фактот дека тие користат лажна Меланија за некои настани, вели еден твитераш.